Македонија вкупните потреби од енергија (струја, гас, нафта, лигнит) идната 2014 година ќе ги обезбеди со 57,5% од домашни извори и 42,5% од увоз. Што се однесува на производството на електрична енергија тоа се очекува да биде на ниво 6.980 гигават-часови и ќе биде поголемо за 17,3% во однос на годинава. Ова е како резултат на најавеното зголемено производство на скопската гасна централа ТЕ-ТО, пуштањето во употреба на паркот од ветерни електрани и неколку мали хидроелектрани. Ова се дел од проекциите на Енергетскиот биланс за 2014 до 2018 година подготвен од Министерството за економија и Агенцијата за енергетика кој го покажува енергетскиот живот на државата за следниот период. Во билансот е предвидено идната година термоцентралите да произведуваат околу 4.578 гигават-часови електрична енергија или 65% од вкупното производство во државата.
Македонија вкупните потреби од енергија (струја, гас, нафта, лигнит) идната 2014 година ќе ги обезбеди со 57,5% од домашни извори и 42,5% од увоз.
Што се однесува на производството на електрична енергија тоа се очекува да биде на ниво 6.980 гигават-часови и ќе биде поголемо за 17,3% во однос на годинава. Ова е како резултат на најавеното зголемено производство на скопската гасна централа ТЕ-ТО, пуштањето во употреба на паркот од ветерни електрани и неколку мали хидроелектрани. Ова се дел од проекциите на Енергетскиот биланс за 2014 до 2018 година подготвен од Министерството за економија и Агенцијата за енергетика кој го покажува енергетскиот живот на државата за следниот период.
Во билансот е предвидено идната година термоцентралите да произведуваат околу 4.578 гигават-часови електрична енергија или 65% од вкупното производство во државата. Според Ваљон Сараќини министер за економија од вкупната потрошувачка на електрична енергија околу 80% ќе се обезбеди од домашното производство, а до 2018 година просечното годишно производство на електрична енергија ќе расте со 4,9% пред се заради поради очекуваното производство на електрична енергија од малите хидроелектрични централи. Планираното производство од ветер е околу 100 гигават-часови.
- Нето увозот за електрична енергија за 2014 година е предвидено да биде помал за 27,5% во однос на годинашниот увоз, бидејќи планираното е производство од ТЕ-ТО да достигне 871 гигават-часови, наспроти годинашното од 254 гигават-часови - вели Сараќини.
Министерот објасни дека во структурата на потрошувачката на енергијата најголеми промени се забележани кај зголемената побарувачка на гас која годинава порасна за 36,5%.
- Потребите од природен гас во 2014 година ќе бидат околу 75% поголеми заради зголемувањето на потребите на ТЕ-ТО, но ќе има и зголемување кај дистрибутивните потрошувачи во Куманово, Струмица и Скопје. До 2018 година се очекува потребата за природен гас годишно просечно да расте за 13,9 % - нагласи Сараќини и додаде дека годинава е забележано и раст од 17,2% на учеството на обновливите извори на енергија.
Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, укажа дека потрошувачката на електрична енергија кај граѓаните нема да има промени во 2014, но дека таа ќе има промени кај големите потрошувачи Фени, Југохром, Макстил и Скопски легури кои трошат 20% од вкупната потрошувачка на струја во земјава. Од нив директно ќе зависат и потребите од увоз на струја.
- Во зависност од тоа дали ќе работат и со колкав капацитет зависи потрошувачката на електрична енергија во земјава - вели Анѓушев и посочува дека цената на струјата нема да се промени со стартот на либерализацијата на пазарот.
Директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски укажа дека нема пораст на потрошувачката на струја благодарение на воведувањето на енергетската ефикасност и штедењето и затоа очекува за идната 2014 увозот на електрична енергија да се намали.
Од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) потврдија дека ќе обезбедат 80% од домашното производство со електрична енергија. Според нив компанијата е подготвена за зимскиот период, а евентуалните проблеми ќе ги решава во од. Тие го најавија и стартот на производството на струја од ветерна енергија.
Според ЕВН-Македонија заради топлото време годинава за 3% е намалена потрошувачката на струја. Тие информираа дека компанијата бележи намалување и на загубите во дистрибутивната мрежа.
- Годинава нашите потреби за струја во 80% се покриени од ЕЛЕМ, 17% од увоз и 3% од малите хидроелектрани. Така ќе биде и идната година, а потрошувачката се очекува да порасне минимално од 1,4%.
Претставникот на Макстил најави за 2014 година зголемување на потрошувачката на електрична енергија за 50%, што е резултат на очекуваниот раст на производтвото на компанијата. Од рафинеријата ОКТА посочија дека не произведуваат нафтени деривати, бидејќи тоа во моментов е економски неисплатливо и ценат дека увозот им носи поголем профит. Нафтени деривати слободно увезуваат и сите останати учесници на пазарот.